Тимот на Работнички од денеска и официјално е посилен за интернационалецот од Јамајка, Кристоџеј Дејли. За нас секако анонимен фудбалер кој досега настапувал за екипата на Хаброр Вју од домашниот шампионат на оваа земја, а веќе има и европско искуство со играње во тимот на Копер од Словенија.
Се работи за играч за врска кој има офанзивни афинитети и кои ќе треба да ја засили конкуенцијата на оваа позиција во тимот.
Дејли е актуелен репрезентативец на Јамајка, има во моментов 22. години и бил дел од У17 односно У23 репрезентацијата на оваа земја.