Суперкупот во АБА кошаркарската лига би можел повторно да се игра по четири години пауза.
Според информациите, домаќин овојпат ќе биде Будуќност, односно Подгорица и салата „Морача“ каде би се играле натпреварите.
Како и во времето пред прекинот на натпреварувањето, на АБА Суперкупот треба да учествуваат осумте најдобро пласирани клубови на табелата од минатата сезона.