Жорди Алба и официјално му се приклучи на Интер Мајами.
Клубот од МЛС вечерва го објави потписот на 34-годишниот дефанзивец. Времетраењето на договорот се уште не е објавено.
Претходно, поранешните соиграчи на Алба во Барселона, Лионел Меси и Серхи Бускетс исто така направија трансфер во американскиот тим.
Жорди за Барселона играше од 2012 година. Во мај оваа година, дефанзивецот го раскина договорот со каталонскиот клуб.