Ама буквално се тимот на Шкупи направи на првиот меч од двомечот против тимот на Хегелман од Летонија на гостински терен кога победи со 0:5, па вечерашниот реванш во Скопје беше само една нужна потреба да се доигра истиот и ништо повеќе.
Еден од најздодевните европски мечеви на било која наша екипа во кој Шкупи немаше потреба да форсира, а противникот едвај чекаше истиот да заврши и да си оди дома.
Оние кои што решија оваа врела скопска вечер да ја минат на Арената, ќе мора по подобар фудбал да се вратат за неколку дена кога Шкупи ќе го пречека тимот на Левски, противникот од второто коло од квалификациите за Конференциската лига.
Сепак, овие вечерашни 0:0 не се вистинската слика за нашиот претставник кој своето го кажа пред една недела во Летонија.
А сега, време е за вистинскиот предизвик наречен Левски, тим кој секако дека во Шкупи, ќе го разбуди најдоброто и ќе го натера нашиот претставник во ова натпреварување да даде и повеќе од 100% па да го елиминира ривалот од соседството.
Шкупи – Хегелман 0:0
Арена Тодор Проески во Скопје
Гледачи: 4000
Главен судија: Тим Маршал (С.Ирска)
Ж.картони: Упстас, Томпсон (Х)
Шкупи: Илјази, Тошевски, Илиески, Пинтер, Тимовски, Куевен (Сахити 81), Хамиди (Ацковски 58), Диене (Адем 73), Ричков (Дуду 81), Цефас, Трапановски (Златков 81)
Хегелман: Родриго, Церкаускас, Хуго, Одеоибо, Упстас, Томпсон. Матулевициус, Петкевичиус, Соуза Алвеш, Дангубиќ, Тикуе