Анчелоти: Овој Реал е посилен од оној од минатата сезона

1043

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, е убеден дека има доволно силен тим за да ги надомести разочарувањата од минатата сезона, кога тимот ги загуби и титулите во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Тимот го напушти капитенот Карим Бензема, а единствен централен напаѓач сега е 33-годишниот Хоселу, кој дојде на позајмица од испаднатиот Еспањол.

„Нашата цел е повторно успех во Лигата на шампионите, Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот на Шпанија. Верувам дека со само еден централен напаѓач можеме да се бориме за овие трофеи. Точно е дека Бензема не напушти, но и така не беше типична „деветка“. Во принцип, веќе имаме замена за Карим. Може да биде Хоселу, може да биде некој друг. Ќе ја адаптираме играта врз основа на квалитетите на играчите што ги имаме. Џуд Белингем може да ни помогне офанзивно. Арда Ѓулер, Родриго, Лука Модриќ… сите тие можат да делуваат како „десетка“, генерално, многу сум задоволен од квалитетот на новите играчи. Мислам дека сме посилни од лани“, вели италијанскиот стратег по стартот на подготовките за новата сезона.

ПретходноМелник победник на квалификациските турнири во шах за слепи и слабовидни лица
СледноПротивникот на Македонија на Евроволеј 2023 обезбеди полуфинале во Лигата на нации