Тимот на Лацио и официјално го доведе Валентин „Тати“ Кастејанос како ново засилување. Аргентинецот досега беше дел од американскиот Њујорк Сити, а сега доаѓа во Рим како засилување во нападот.
Тој своевремено се прослави во дресот на Гирона каде играше како позајмен минатата сезона кога му даде четири гола на Реал Мадрид на еден меч.
Аргентинецот е платен 15 милиони евра, има 24. години и потпишува договор до 2028 година.
🇦🇷 ➡️ Next stop…S.S. Lazio 🇮🇹 🦅#WelcomeTaty pic.twitter.com/IS3sGp4fEV
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) July 21, 2023