Противникот на Македонија на Евроволеј 2023 обезбеди полуфинале во Лигата на нации

95

Со одигрувањето на вчерашните последни две четвртфинални средби, комплетирани се полуфиналните двојки на Ф8 турнирот во машкото издание на одбојкарската Светска лига на нации.

Репрезентацијата на Полска која е противник на Македонија на претстојното Европско првенство во Скопје, вчера со одлична игра и победа од 3:0 над Бразил се пласираше во полуфиналето на Лигата на нации. Тимот предводен од српскиот стручњак Никола Грбиќ го совлада Бразил во еден од највозбудливите дуели во оваа рунда и закажа пресметка со Јапонија за финалето во Гдањск.

Јапонците вчера со идентичен резултат ја совладаа Словенија. Полуфиналето меѓу Полска и Јапонија е закажано за в сабота од 20 часот, додека три часа порано силите во вториот полуфинален дуел ќе ги одмерат Италија и САД.

ПретходноАнчелоти: Овој Реал е посилен од оној од минатата сезона
СледноКлоп има список од 8 имиња кои може да ги заменат Хендерсон и Фабињо