Во екот на иницијативата да му се помогне на ФК Вардар на секаков можен начин, а во насока на изгласаната иницијатива за финансиска помош во советот на Град Скопје, со која и се налага на градоначалничката Данела Арсовска да најде средства за Вардар, први со реакција се јавија навивачите на ФК Шкупи, популарните „Шверцери“.
Во нивното денешно соопштение, тие јавно се прашуваат зошто помошта да е наменета за Вардар кога тоа во моментов е најслабиот клуб од главниот град. Од друга страна како што велат „Шверцери“, токму нивниот Шкупи во моментов е најдоброто од Скопје, затоа што го претставува градот и државата на меѓународна сцена, и е единствен клуб кој ја мина прелиминарната фаза во Европа летово.