Актуелниот селектор не го менува клубот!

221

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски и следната сезона ќе биде на чеко на тимот на Кожув. Од таборот на гевгелискиот тим ја потврдија оваа информација.

„Селекторот Александар Јончевски останува да го води нашиот тим и во новата сезона. Постигнат е договор помеѓу нашиот клуб и селекторот Јончевски за обновување на соработка. Тренерот Јончевски е добро познат на нашата публика ,кој во два наврати го водеше нашиот тим. Во минатата сезона оствари добри резулати и тоа доаѓајќи на полусезона. Му посакуваме повторно добредојде, и во новата сезона многу успех и многу победи“.

ПретходноАпостолски Лечиќ: Во Португалија резултатот е во прв план, сакаме да ја израдуваме нацијата!
СледноВардар го закажа дуелот со Рајн Некар, сензација ќе го однесе во „пеколно“ друштво