Македонскиот вицепрвак, Алкалоид денеска (11 часот) ќе ги дознае противниците во групната фаза во Европската лига.
Во дебитанска сезона во ова натпреварување, Кирил Лазаров и неговите момци пред ждрепката се најдоа во вториот шешир што пак значи дека ќе ги одбегнат Кристијанштад, Татабања, Горење Велење, Бистрица, Динамо Букурешт, АЕК Атина, Елверум.
Заради диригираната ждрепка две екипи од иста земја да не може да се сретне во групната фаза, ова значи дека Алкалоид и Вардар 1961 (ако ги мине квалификациите) ќе се избегнат.
Натпреварите од групната фаза на Европската лиха ќе се играат од средината на октомври до средината на декември. Вкупно 32 екипи ќе бидат поделени во осум групи по четири екипи од кои двете најдобро пласирани, вкупно 16 продолжуваат во нова групна фаза.
Прв шешир: Фуксе Берлин, Спортинг Лисабон, Нант, Куенка, Забрже, Нексе Нашице, Бјерингбро Силкеборг, Кадетен Шафхаузен
Втор шешир: Алкалоид, Кристијанштад, Татабања, Горење Велење, Бистрица, Динамо Букурешт, АЕК Атина, Елверум
Трет шешир: Флензбург, Бенфика, Шамбери, Натурхаус Ла Риоха, Глогов, Скјерн, Луцерн, Савехоф
Четврти шешир: Војводина, Извиѓач, Ловќен и пет победници од квалификациите