Апостолски Лечиќ: Во Португалија резултатот е во прв план, сакаме да ја израдуваме нацијата!

182

Македонската кошаркарска репрезентација „Под 18“ години се наоѓа во португалскиот Матошинос, каде стартува Европското првенство од Дивизијата „Б“. Избраниците на Андреј Апостолски Лечиќ во првото коло беа слободни, па за нив утре стартува овој шампионат, прв противник е Велика Британија.

„Првиот натпревар против Велика Британија претставува еден од најважните натпревари во понатамошниот дел од првенството. Анализирани се противниците и ќе дадеме максимум да го победиме противникот.

Мора да го кажам и ова, во составот имаме дури седум помлади играчи од генерацијата, што ќе помогне и во наредните години, со собирање на искуство и одлични натпревари во нозете

Во составот во кој сме овде, ќе дадеме се од себе уште еднаш летово да ја израдуваме цела нација и да направиме што поголем успех во рамките на нашите можности“, изјави Лечиќ.

Предводникот на јуниорската репрезентација се враќа на периодот кој е зад тимот:

„Во текот на подготовките имавме неколку повреди кои никој не ги посакува. За жал, за некои играчи тоа значеше и дека нема да отпатуваат со нас. На контролните натпревари не бевме комплетни скоро на ниту еден натпревар, па не можевме да видиме јасна слика. Па оттука, ги користевме за напредување во играта на нашиот тим, па и  резултатот беше на втор план. Но се знае дека сега, на европското првенство, овде во Португалија, резултатот е во прв план. И затоа, ќе дадеме се од себе да оставиме добар впечаток“.

Во првата групна фаза, покрај Велика Британија, нашите јуниори ќе играа уште против Австрија, Исланд и Норвешка.

ПретходноЕпска бламажа: Газда Дестани сега треба сите да ги избрка од Шкендија!
СледноАктуелниот селектор не го менува клубот!