Беса го „преслуша“ тимот на Банско!

895

Екипата на Беса, која во летниот преоден рок драстично се засили, деновиве е на подготовки во Банско (Бугарија). Второлигашот вчера ја одигра и првата пријателска средба и тоа со истоимениот тим Банско и успеа да победи со 3:0. Стрелци на головите беа Ивановски, Емини и Гаши. Тренерот Таневски им даде шанса на повеќе свои играчи со цел да ја има на увид моменталната нивна форма. Сепак и покрај тоа, Беса делуваше многу сигурно и квалитетно.

Стартниот состав на Беса беше: Силјановски, Ариф, Борха, Драгарски, Мециновиќ, Алими, Белули, Есати, Назифи, Скендери, Адеми.

Во Банско екипата на Беса ќе се сретне и со Макаби Петах Тиква и Алтин Асир.

Инаку јасно е дека според засилувањата, амбициите на тимот на Беса се во следната сезона во ВМФЛ да се најде на првите две места кои водат директно во елитата.

ПретходноДавид Силва со тешка повреда
СледноХајдук го “смрзна“ Динамо среде Загреб, Ристовски милиметри го делеа од спектакуларен гол! (ВИДЕО)