“Бомба“ од Париз: Вечерва заврши ерата на Мбапе во ПСЖ, “кралевите“ на готовс!

4646

Иако не е неочекувано, сепак е “бомба“ и тоа од Париз. Имено раководството на ПСЖ, барем според медиумите во Франција, вечерва донело одлука да го избрише Килијан Мбапе од списокот на патници за турнејата во Јапонија. Поточно да го стави играчот на трансфер листа.

Ова значи само едно, а тоа е дека од вечерва започнува ерата на ПСЖ без Килијан, и значи дека сега Реал Мадрид веќе може да го официјализира трансферот на деценија кој ќе го чини околу 400 милиони евра.

Мбапе е на продажба, така велат од ПСЖ, но сепак треба да се знае дека тој не сака сега да си оди од Париз туку наредното лето и тоа како слободен играч.

Останува да се види како понатаму ќе се одвива оваа “сапуница Мбапе“.

ПретходноВокер уште не потпишал за Баерн, а веќе направи хаос во соблекувалната на “баварците“!
СледноФлорида “експлодираше“: Магија на Меси во 94.минута и солзите на Бекам! (ФОТО + ВИДЕО)