Брутален грабеж: Донарума и неговата сопруга врзани голи, па ограбени за пола милион евра!

7699

Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума и неговата сопруга Алесија Елефанте синоќа биле жртви на брутален грабеж, пренесуваат француските медиуми. Непознати лица упаднале во нивниот дом во француската престолнина, ги соблекле голи и ги врзале.

Подоцна, откако крадците си заминале, двајцата некако успеале да стигнат до блискиот хотел. Вработените таму повикале полиција. Италијанскиот голман и неговата партнерка се хоспитализирани поради претрпен шок, но засега нема дополнителни информации за нивната состојба.

Штетата од грабежот се проценува на половина милион евра. Донарума денеска требаше да учествува на првиот натпревар на ПСЖ летово против Ле Авр.

ПретходноМладиот Италијанец Рибаудо ново засилување за Брера Струмица
Следно„Мундо Депортиво“: Осасуна тргнува по Барди