Македонскиот репрезентативец Давод Здравковски го прави трансферот на кариерата и е нов член на тимот на Мадервил од Шкотска.
Откако заврши негова долга авантура на Кипар, каде што настапуваше за тимот на АЕЛ, сега тој се сели на другата страна од Европа и ќе игра во една сериозна лига во која фудбалот е на многу високо ниво.
Здравковски потпиша двегодишен договор, и му се приклучува на својот репрезентативен колега Бојан Миовски кој зад себе во дресот на Абердин има фантастична сезона во Шкотка.
Здраковски е екс капитенот на нашата У21 репрезентација кој стрпливо со години ја чека шансата во А репрезентацијата, а трансферот во Шкотска секако дека ќе му помогне во тоа.