Ждрепка ЕЛ: Алкалоид во друштво со Силкеборг и Ла Риоха, Вардар уште потешко ако го мине Рајн Некар

419

Ракометниот вицешампион, Алкалоид се најде во групата „Ф“ заедно со дански Бјерингбро Силкеборг, шпанска ла Риоха и екипата на Војводина во новата сезона од ЕХФ Европската лига. На денешната ждрепка, Алкалоид беше сместен во вториот шешир, а од оној најквалитетниот за противник доби еден од најдобрите дански тимови, Силкеборг.

Во дебитанска сезона во ова натпреварување, Кирил Лазаров и неговите момци ќе имаат голем предизвик да се соочат со исклучително квалитетни екипи, како што се данскиот и шпанскиот ривал, но и Војводина која играше одлично цела мината сезона. Натпреварите од групната фаза на Европската лига ќе се играат од средината на октомври до средината на декември.

Вториот македонски претставник во ова натпреварување, Вардар 1961, за влез во групната фаза ќе мора најпрво да го мине германскиот ривал Рајн Некар Левен. Ако тоа се случи, „црвено-црните“ одат во групата „А“ каде ги очекуваат екипите на Нант (Фра), Кристијанстад (Шве) и Бенфика (Пор).

ПретходноКлоп има список од 8 имиња кои може да ги заменат Хендерсон и Фабињо
СледноПуштени во продажба билетите за дуелот Струга ТЛ – Будуќност, по цена од 500 денари!