Кога „љубовта“ е обострана: Миротиќ за десет минути одлучил за кого ќе потпише

5126

Еден од најдобрите европски кошаркари, Никола Миротиќ одлучи да ја напушти Барселона по несогласувањата со раководството на клубот. Каталонскиот гигант вчера потврди дека тој повеќе не е нивни кошаркар. Иако го поврзуваа со многу тимови, сепак Миротиќ се одлучи за Партизан, сега се чека само официјална промоција.

Според спрските медиуми двете страни за десет минути се договориле, желбата за соработка била обострана.

Неговиот договор е на една година за опција биде продолжен на уште една, а годишно ќе заработува 3,5 милиони евра.

Миротиќ ќе добие 17 милиони евра за раскинување на соработката со Барселона, бараше три повеќе, но на крајот успеа да попушти.

Претходно„Бомба“ засилување: Монако потпиша НБА играч!
СледноНавивачите во градот со 4.800 жители го пречекаа клубот кој направи сензација (ВИДЕО)