Ете, и тоа го има има кога се во прашање Партизан и Ц. Звезда, тука мислиме на кошарката. Имено како што пишува шпанскиот “Мундо Депортиво“, Никола Миротиќ има вербален договор со “црно – белите“, но не и потпис, иако веќе се е договорено. Проблеми сега прави Ц. Звезда, односно нејзините фанови кои му се заканувале на Миротиќ, едноставно не го сакаат во таборот на ривалот зошто знаат дека со него Партизан ќе биде уште посилен.
Најинтересно е тоа што и самиот Александар Вучиќ, претседателот на Србија, инаку голем фан на “црвено – белите“ правел се што е во негова можност овој трансфер на Никола Миротиќ во Партизан да пропадне.
Неверојатно…