Тренерот на шпанска Осасуна, Хагоба Арасате лично побарал од раководството на тимот да ја разглед аможноста да го донесат во своите редови македонскиот репрезентативец Енис Барди. Весникот „МУндо Депортиво“ пишува дека тренерот на Осасума го насочил својот поглед кон Барди, за кого смета дека брзо ќе се снајде во неговиот тим, затоа што има одлично искуство во Ла Лига по настапот за екипата на Леванте.
Осасума има нов одбор на директори кои не престануваат во напорите да доведат квалитетни засилување ова лето.
Барди 5 сезони беше дел од Ла Лига со Леванте, а во последната сезона како дел од турски Трабзонспор на 42 натпревари постигна 7 гола.
За Барди во Шпанија интерес има и од Валенсија и од Жирона.