„Бомба“ засилување: Монако потпиша НБА играч!

253

Кошаркарскиот клуб Монако предводен од Саша Обрадовиќ во новата сезона ќе има големо заслување. Кемба Вокер, четирикратниот Ол-стар кој беше без договор, откако одработи три месеци од дговорот со Далас во периодот од ноември минатата година и јануари оваа година, е официјално промовиран како нов играч на францускиот тим.

Тој за Мавс одигра девет натпревари и успеа да постигне 32 поени против Кавалирс, но од Далас решија да им го ослободат местото на помладите играчи и не ја искористија опцијата според која Кемба ќе добиеше загарантиран договор.

Кемба има 33 години, а во кариерата настапуваше за Хорнетс, Селтикс, Никс и Далас.

ПретходноВардар го закажа дуелот со Рајн Некар, сензација ќе го однесе во „пеколно“ друштво
СледноКога „љубовта“ е обострана: Миротиќ за десет минути одлучил за кого ќе потпише