Ноа Окафор е новиот напаѓач на Милан

572

Швајцарскиот интернационалец Ноа Окафор ќе биде новиот централен напаѓач на Милан , објави „Скај Спортс Италија“. Има 23 години и последните три и пол сезони ги мина во Ред Бул Салцбург, а е дете на Базел. Двата клуба набрзина постигнаа договор за трансфер вреден околу 15 милиони евра плус бонуси, откако досега немаше информации за интерес на „црвено-црните“ за него.

Напаѓачот има постигнато 34 гола на 110 натпревари за Ред Бул , од кои еден против токму против Милан во Лигата на Шампионите минатата сезона. Неговиот татко е Нигериец, а неговата мајка е Швајцарка. За репрезентацијата на Швајцарија има два гола. 

Тој би требало да се појави во Милано веќе утре. Денеска тимот на Стефано Пиоли лета за САД на претсезонска турнеја.

 

ПретходноРаботнички го донесе првото засилување: Милевска потпиша за шампионките
СледноРистовски и Динамо денеска го отвораат шампионатот против Хајдук, олуја го става дербито под прашалник