Францускиот шампион Пари Сен Жермен на секој начин се обидува да го задржи Килијан Мбапе во тимот, па во обид да го натера да ја продолжи верноста кон клубот сега излезе со понуда за нов долгорочен договор, пишува „Марка“.
Според изворот, ПСЖ сака да склучи договор со Мбапе на 10 години. За време на својот престој во Париз, француската ѕвезда ќе заработи една милијарда евра. Одговорот на напаѓачот и неговиот агент на овој предлог не е објавена.
Не е тајна дека Мбапе планира да го заврши договорот со ПСЖ, кој е до летото 2024 година, а веќе се откажа од опцијата за продолжување до 2025 година. ПСЖ стравува дека играчот следното лето може бесплатно да го напушти клубот.
Мбапе дојде во ПСЖ во 2017 година. Досега стана петкратен шампион на Франција, а трипати го освои Купот на Франција.