Пуштени во продажба билетите за дуелот Струга ТЛ – Будуќност, по цена од 500 денари!

698

Денеска се пуштени во продажба билетите за првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, меѓу Струга ТЛ и Будуќност. Тие чинат по 500 денари, а може да се купат онлајн на “karti.com.mk“, како и во “Емпире бар“. Исто како и за мечот со Жалгирис. Со оглед на тоа дека и на овој меч капацитетот ќе биде ограничен, од клубот потенцираат дека пожелно е заинтересираните да побрзаат со набавката на билетите.

Инаку мечот е закажан за во среда (26 јули) со почеток од 17 часот а се игра на стадионот СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид.May be a graphic of text that says 'UEFACOFERE LEAGUE SECOND QUALIFIYNG ROUND UEFA EUROPA CONFERENCE LEAGUE" STRUGA 20 15 FK BUDUĆNOST 1925 TRIM & LUM FC STRUGA TRIM LUM. FK BUDUCNOST 26.07.2023 17:00 |BILJANINI IZVORI OHRID #forcaStruga #WeAreStrgua'

ПретходноЖдрепка ЕЛ: Алкалоид во друштво со Силкеборг и Ла Риоха, Вардар уште потешко ако го мине Рајн Некар
СледноПолската легенда Блашчиковски ги „закачи копачките“