Работнички го донесе првото засилување: Милевска потпиша за шампионките

851

Актуелниот одбојкарски шампион во женска конкуренција, Работнички Скопје, денеска го обезбеди првото летно засилување. Станува збор за младата 16-годишна одбојкарка Андротеа Милевска, која ќе биде ново освежување на коректорската позиција. Спортскиот директор на клубот, Андријана Зафировска, денеска го потпиша договорот со Милевска и најави уште едно ново име во следниот период.

„Иако ќе играме во Европа оваа сезона, сепак, сакаме да се потпреме на домашни сили. Нема да носиме странски одбојкарки и ќе им дадеме шанса на нашите девојки. За таа цел ја доведовме и Андротеа Милевска, 190 сантиментри висока одбојкарка, левучар, која досега играше во Ѓорче Петров и која ќе биде одлично освежување на коректорската позиција. Во следниот период ќе имаме уште едно ново име, но ќе го објавиме откако ќе биде потпишан договорот“, вели Зафировска.

Работнички оваа сезона по голема пауза повторно се враќа на европската сцена и тоа како дел од 1. коло во Челинџ Купот на ЦЕВ, каде пред некој ден за противник ја добија силната екипа на Лугој од Романија.

ПретходноАлкараз откри што би зел од големата тројка: Менталитетот на Надал, класата на Федерер и сите удари на Ноле
СледноНоа Окафор е новиот напаѓач на Милан