Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е многу блиску до преселба во Саудиска Арабија.
Според инсајдерот Дејв Окоп, играчот за врска денеска треба да ги мине лекарските преглед и да потпише договор со екипата на Ал-Етифак, каде тренер е Стивен Џерарад, а настапува и нашиот репрезентативец Дарко Велковски.
Според најавите, Англичанецот ќе потпише договор со саудискиот клуб со плата од 800.000 евра неделно. Хендерсон е во Ливерпул од 2011 година, а во сезоната 2022/23 забележа 43 настапи во сите натпреварувања, реализирајќи три асистенции.