Алкараз откри што би зел од големата тројка: Менталитетот на Надал, класата на Федерер и сите удари на Ноле

3573

Алкараз во интервју за „Лекип“ повторно проговори за својот голем успех, освојувањето на Вимблдон и уште еднаш изјави дека му претставувало голема чест да игра против Новак Ѓоковиќ во финалето.

“Можеби ќе ми покажат поголема почит сега кога сум шампион на Вимблдон, не знам. Кога ќе го победиш Ѓоковиќ во финале на Грен слем, се чувствуваш малку подобро. Можеби луѓето така гледаат, ќе ти покажат поголема почит бидејќи си го победил него, а не некој друг играч”, изјави Алкараз, кој продолжи. 

“Искрено, пред да започнам со Queen’s, беше незамисливо дека ќе триумфирам на Вимблдон. Секогаш си велиш дека можеш, но да речеме дека си дадов само 10 отсто шанси. Кога го освоив Queen’s, тогаш си реков дека можам да го освојам трофејот и на Вимблдон”, објасни тој.

Особено интересно беше прашањето што би земал од големата тројка Надал, Федерер и Ноле.

„Менталитетот на Рафа, класата што Федерер ја има во неговата игра и неговите движења и практично сите удари на Ѓоковиќ, кои се неверојатни“, рече тој.

ПретходноНавивачите во градот со 4.800 жители го пречекаа клубот кој направи сензација (ВИДЕО)
СледноРаботнички го донесе првото засилување: Милевска потпиша за шампионките