Вардар го закажа дуелот со Рајн Некар, сензација ќе го однесе во „пеколно“ друштво

291

Вардар 1961 се врати на европска сцена, но колку ќе се задржи ќе биде познато по само два меча. Поранешниот европски првак ќе игра квалификациски двомеч против Рајн Некар за место во групната фаза.

Првиот меч се игра на 26 август во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот. На оваа средба и останатите во продолжние, „црвено-црните“ ќе настапат во еден поинаков состав.

Реванш средбата се игра на 3 септември.

Доколку Вардар успее да приреди сензација ќе игра во групата А каде се наоѓаат Нант, Кристијанштад и Бенфика.

Фото: Денис Дуковски

ПретходноАктуелниот селектор не го менува клубот!
Следно„Бомба“ засилување: Монако потпиша НБА играч!