Младите играчи на Хрватска „Под16“ години победија и на втората проверка во Скопје, со резултат (91:67)
Македонската и хрватската селекција „Под 16“ години одиграа уште едeн контролен натпревар во Скопје. Уште еднаш подобиро беа младите гостински кошаркари на Хрватска…
Хрвaтските кадети имаа подобар почеток, односно многу подобра реализација во нападот, која ги донесе до сосема солидна предност од девет поени, (21:12).
Но нашиот млад состав успеа да фати приклучок, во средината на втората четвртина кога со мини серија од (7-2), разликата ја сведовме на три поени (25:28). Но ное го задржавме континуитетот на реализација, што противникот го искористи да поведе и со двоцифрени (37:27).
Ѓорѓевиќ беше играчот кој ја прекина серијата на поени на гостите, за (29:37), но полувремето заврши со предност за Хрватска (39:29).
Доста подобро делуваше одбраната на нашите кадети кои имаа и скокачка рамнотежа (само три скока повеќе за Хрватска во 20.минути од играта).
Второто полувреме Хрватска го отвори со серија од 16. поени, со кои стигна до високи, и недостижни, (55:30) во пет минути од играта. До истекот на третиот период, нашите млади кошаркари дојдоа на нешто пониска негатива, (41:62).
Но ништо повеќе од тоа, Хрватска беше подобра и на оваа „контрола“ во која капитенот Лука Марјановиќ реализираше 18.поени (имаше и седум скока, шест асистенции). Најков и Ѓорѓевиќ и Терзиевски постигнаа по девет поени.
На оваа втора „контрола“ против еден силен ривал, селекторот Александар Јованчев се реши да испроба 14. кошаркари, односно два повеќе во однос на првиот тест, кој исто така го добија Хрватите, со (86:63).
Наредниот предизвик за оваа наша репрезентативна селекција ќе биде учество на силниот меѓународен турнир, кој ќе го организира нашата федерација. Ќе се игра во СРЦ „Кале“, во периодот од 28. до 30.јули, на кој освен нашата кадетска селекција, ќе играат и репрезентациите „Под 16“ години на Шпанија, Грција и Израел.