Казахстанец ќе и суди на Струга ТЛ, Фуксман од Израел “главен“ на дуелот Шкупи – Левски!

161

Познати се судиите за првите мечеви од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции на нашите две преостанати екипи.

Струга ТЛ во среда од 17 часот го дочекува Будуќност на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Главен судија на овој меч ќе биде Артјом Кучин од Казахстан, помошници ќе му бидат неговите сонародници Евгени Белски, Сергеј Јасутин и Даинар Саки.

Да споменеме дека реваншот во Подгорица ќе се игра на 1 август (вторник) од 21 часот.

Шкупи на 27 јули од 21 часот на Арената “Тодор Проески“ ќе го пречека Левски Софија. Овој меч ќе го суди Давид Фуксман од Израел, додека ќе му помагаат Саги Мецамбер, Омер Барбиро и Нив Штеиф.

Инаку реваншот во Софија е закажан за 3 август со почеток од 19 часот.

ПретходноЛацио донесе напаѓач од САД
СледноБраќата Мбапе за првпат заедно заиграа за ПСЖ (ВИДЕО)