Клоп има список од 8 имиња кои може да ги заменат Хендерсон и Фабињо

485

Откако станува се поизвесно дека Ливерпул во новата сезона ќе остане и без капитенот хендерсон, но и без уште еден играч за врска, Фабињо, Јирген Клоп и неговите соработници веќе имаат список од осум имиња, од кои најмалку двајца треба да бидат доведени како засилувања за клубот до крајот на летниот преоден рок.

Една од првите мети е Ромео Лавиа, кој не сакаше да чека шанса во Сити, па покажа дека е одличен во дресот на Саутемптон. За него „црвените“ ќе мора да платат околу 60 милиони евра, но прашање е дали со оглед на младоста и неискуство Лавиа може да се носи таков товар да биде стартер во дресот на „црвените“.

Втора опција за Клоп е Дукуре од Кристал Палас, но неговата цена од 80 милиони евра, тешко е дека Германецот ќе сака да ја плати. Софијан Амрабат би можел да замине од Фиренца, па и тој е во комбинација за трансфер во Ливерпул. Во игра влегуваат и Гравенберх од Баерн, Чуамени од Реал кој тешко дека ќе има стартно место во тимот на Анчелоти во новата сезона,

Калвин Филис кој не се снајде во Сити, како и Палиња од Фулам кој има понуда и од Вест Хем.

Во игра секако останува и Кефрен Турам од Ница, кој според Англичаните е веројатно најреалната опција.

ПретходноПротивникот на Македонија на Евроволеј 2023 обезбеди полуфинале во Лигата на нации
СледноЖдрепка ЕЛ: Алкалоид во друштво со Силкеборг и Ла Риоха, Вардар уште потешко ако го мине Рајн Некар