Лацио донесе напаѓач од САД

177

Тимот на Лацио и официјално го доведе  Валентин „Тати“ Кастејанос како ново засилување. Аргентинецот досега беше дел од американскиот Њујорк Сити, а сега доаѓа во Рим како засилување во нападот.

Тој своевремено се прослави во дресот на Гирона каде играше како позајмен минатата сезона кога му даде четири гола на Реал Мадрид на еден меч.

Аргентинецот е платен 15 милиони евра, има 24. години и потпишува договор до 2028 година.

ПретходноШверцери: Зошто Вардар да добие помош, кога е најслабиот тим во Скопје
СледноКазахстанец ќе и суди на Струга ТЛ, Фуксман од Израел “главен“ на дуелот Шкупи – Левски!