Навивачите во градот со 4.800 жители го пречекаа клубот кој направи сензација (ВИДЕО)

2006

Класвик, шампионот на Фарските Острови ја приреди најголемата сензација во првото прелиминарно коло од Лигата на шампионите. Ждрепката ги поврза со унгарски Ференцварош. Првиот натпревар во Клаксвик заврши 0:0, а Ференцварош беше огромен фаворит во реваншот во Будимпешта.

Но, се случи неочекуваното, пред своите навивачи унгарскиот тим беше совлада со 3:0 и така се прости од обидот за пласман во најелитното европско натпреварување. Клаксвик ќе игра против шведски Хакен во 2. прелиминарно коло од Лигата на шампионите.

По враќањето во нивниот град со само 4.800 жители, играчите добија спектакуларен пречек полн со пиротехнички средства.

ПретходноКога „љубовта“ е обострана: Миротиќ за десет минути одлучил за кого ќе потпише
СледноАлкараз откри што би зел од големата тројка: Менталитетот на Надал, класата на Федерер и сите удари на Ноле