Швајцарскиот интернационалец Ноа Окафор ќе биде новиот централен напаѓач на Милан , објави „Скај Спортс Италија“. Има 23 години и последните три и пол сезони ги мина во Ред Бул Салцбург, а е дете на Базел. Двата клуба набрзина постигнаа договор за трансфер вреден околу 15 милиони евра плус бонуси, откако досега немаше информации за интерес на „црвено-црните“ за него.
Напаѓачот има постигнато 34 гола на 110 натпревари за Ред Бул , од кои еден против токму против Милан во Лигата на Шампионите минатата сезона. Неговиот татко е Нигериец, а неговата мајка е Швајцарка. За репрезентацијата на Швајцарија има два гола.
Тој би требало да се појави во Милано веќе утре. Денеска тимот на Стефано Пиоли лета за САД на претсезонска турнеја.