Полската легенда Блашчиковски ги „закачи копачките“

65

Јакуб Блашчиковски објави крај на фудбалската кариера. Полскиот 37-годишен крилен напаѓач е на второто место по бројот на одиграни натпревари во полската репрезентација – 109.

“Секој пат има крај. Ви благодарам за неверојатната поддршка што ја добивав при секој мој чекор. Сè што направив вредеше”, напиша поранешниот играч на Борусија Дортмунд на својот Инстаграм профил.

Блашчиковски се повлече од репрезентацијата на Полска по пријателскиот натпревар со Германија во јуни. Фудбалските настапи ги заврши со вториот престој во второлигашот Висла Краков, каде беше и во периодот 2004-2007 година.

Со Борусија (Д), Полјакот освои две титули во Германија, еден домашен куп и три Суперкупа. Јакуб Блашчиковски во својата кариера има настапувано и за Волфсбург и Фиорентина, а на 5 август ќе се прости од публиката на стадионот на Висла Краков за време на првиот домашен натпревар на тимот во полското првенство.

ПретходноПуштени во продажба билетите за дуелот Струга ТЛ – Будуќност, по цена од 500 денари!
СледноКадетите ги добија противниците во квалификациите за ЕП 2024