Денеска се пуштени во продажба билетите за првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, меѓу Струга ТЛ и Будуќност. Тие чинат по 500 денари, а може да се купат онлајн на “karti.com.mk“, како и во “Емпире бар“. Исто како и за мечот со Жалгирис. Со оглед на тоа дека и на овој меч капацитетот ќе биде ограничен, од клубот потенцираат дека пожелно е заинтересираните да побрзаат со набавката на билетите.
Инаку мечот е закажан за во среда (26 јули) со почеток од 17 часот а се игра на стадионот СРЦ “Билјанини Извори“ во Охрид.