Во насока на реконструкцијата на структурален но пред се играчки план секако, РК Вардар предмалку го претстави своето најново засилување во името на Марко Срдановиќ.
Лев бек од Србија кој има 25 години и кој потпиша двегодишен договор во Вардар.
Тој доаѓа од тимот на Металопластика од Шабац со кој оваа сезона го освои Купот на Србија.
Срдановиќ (182 см. 80 кг.) веќе е дел од подготовките на тимот на Вардар и ќе игра на позиција каде ќе настапува заедно со Марио Стојановски кој лани беше прекомандуван од малдинските категории, а сега постојано ќе биде со сениорите.
Тој е дел од неколкуте нови ракометари што сезонава ќе го засилат Вардар. Србинот лани на постигна 120 голови за Металопластика со сите натпреварувања, а зад себе има и интернационално искуство со настап во Леотар од Требиње.
Вардарци покрај подготовките во Скопје ќе заминат и на висински подготовки на Маврово, и ќе настапат и на турнирот во Струга. Во меѓувреме ќе одиграат и неколку пријателски натпревари.