Ова е планот на Ал Хилал: Мбапе една сезона да игра во С.Арабија, а во јуни 2024 да се пресели во Реал!

604

ПСЖ дефинитивно започнува нова ера, ера во која ќе го нема Килијан Мбапе. “Светците“ од синоќа ја ставија своја мега – ѕвезда на трансфер листата и сега за 100 милиони евра може секој да го купи.

Прв се јави Ал Хилал, еден од најголемите клубови во С. Арабија. Тие имаа свој план или предлог.

Како прво ќе му исплатат на ПСЖ 100 милиони евра отштета, ќе му дадат на Мбапе баснословни пари да игра за нивниот тим до јуни 2024, а потоа Французинот да си замине во Реал Мадрид како слободен играч.

Звучи интересно, но сепак на потег се и ПСЖ и самиот Мбапе.

ПретходноДејвид Бекам по голот на Меси: Ова е остварување на сонот за сите нас! (ВИДЕО)
СледноСензационално: ПСЖ замената за Мбапе ја најде во Серија А!