Бразилецот Лео Антонио во дресот на Брера Струмица!

648

Леонардо Антонио (26) е најновото име во редовите на Брера Струмица. Како што објавива утринава на своите социјални мрежи, струмичани ангажирале Бразилец кој досега играл за тимот на Лвов од Украина, а претходно настапувал и за составот на Џиугас Телсаи од Литванија.

Лео може да игра како централен стопер, но може успешно да одговори на задачите и како последен играч за врска.

Инаку да кажеме дека вчера во Банско, Брера Струмица одигра уште еден пријателски меч и тоа против Алтин Асир од Туркменистан, резултатот беше 0:0.

May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

ПретходноФлорида “експлодираше“: Магија на Меси во 94.минута и солзите на Бекам! (ФОТО + ВИДЕО)
СледноМакедонецот Андоновски и САД со убедлив триумф стартуваа на Мундијалот!