Попладнево на Градскиот стадион во Струга, новиот прволигаш, тимот на Воска Спорт со 2:1 во пријателски натпревар го совлада косовскиот тим Малишева. Стрелци на головите за охриѓани беа Фета и Шаркоски.
Ова беше трета победа на Воска на пријателските средби во текот на овие подготовки.
Инаку Воска Спорт според имињата ова лето беше многу активна на трансфер –пазарот, но се најавува дека ќе има уште засилувања.