Лео Меси имаше перфектно деби во дресот на Интер Мајами. Успеа во 94.минута со прекрасен гол од слободен удар да му донесе победа на својот нов тим, а во ложата својата радост, своите емоции и солзи, не ги криеше Дејвид Бекам, првиот човек на клубот.
“Искрено кога во 94.минута беше покажан слободен удар за нас си помислив – еве ова е судено вака да заврши. Ова е голема ноќ за сите наши навивачи, за сите оние кои дојдоа да го гледаат дебито на Лео за нашиот тим. Видете, ова е остварување на сонот за сите нас. Да се гледа како Меси игра за нашиот клуб, како игра во оваа држава, во оваа лига…Нема што повеќе да коментирам“ изјави по мечот Бекам.
Beckham was in tears after Messi scored.
Man must be feeling fulfilled.. pic.twitter.com/jLQtSQFaiu
— 𝐂𝐇𝐀𝐑𝐋𝐄𝐒 (@ChaaliiyKay) July 22, 2023