Емре Џан останува „милионер“ до 2026 година

148

Германскиот играч од средниот ред, Емре Џан, го продолжи договорот со германска Борусија Дортмунд до 2026 година, соопштија од клубот. Претходниот договор на играчот истекуваше на крајот од следната сезона.

Кан во Дортмунд пристигна од Јувентус во 2020 година за сума од 25 милиони евра. Тој имаше одлична сезона под водство на Един Терзиќ и затоа доби доверба за да го продолжи престојот кај „милионерите“.

„Емре стана лидер каков што отсекогаш го посакувавме. Ја цениме неговата страст, неговите физички квалитети и неговата непоколеблива желба да победи на секој натпревар, не само со Борусија туку и со репрезентацијата“, изјавил спортскиот директор Себастијан Кел.

ПретходноИзненадување на Хунгароринг: Хамилтон тргнува од пол-позицијата
СледноМанчестер Ј. се распрашува за Коло-Муани, Ајнтрахт веднаш побара 80 милиони фунти