Повеќекратниот светски шампион Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Унгарија, 11-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1. Возачот на Мерцедес на денешните квалификации успеа по да дојде до својата прва пол-позиција на Хунгароринг од ноември 2021 година.
Хамилтон го постигна најбрзиот круг со време од 1.16.609 минути, со само три илјадитинки предност пред Макс Верстапен во болидот на Ред Бул, чија серија од шест последователни пол-позиции заврши.
- Луис Хамилтон (Мерцедес) – 1.16.609
- Макс Верстапен (Ред Бул) +0,003
- Ландо Норис (Мекларен) +0,085
- Оскар Пјастри („Мекларен“) +0.296
- Жу Гуанју (Алфа Ромео) +0,362
- Шарл Леклер (Ферари) +0,383