Камада веќе нема да чека на Милан, си се договара со Атлетико (М)

267

26-годишниот јапонски репрезентативец Даичи Камада нема да го чека Милан за потпис и најверојатно ќе се пресели во Мадрид. Како што јавуваат шпанските медиуми, Јапонецот за кој се пишуваше дека има се договорено со Милан, се уште нема договор со „росонерите“, кои сега преговараат со Чуквуезе од Виљареал и просто заборавија на договорот со Камада.

Јапонецот е слободен играч откако му истече договорот со Ајнтрахт Франкфурт претходно овој месец. Преселбата во Милан изгледаше сигурна откако двете страни ги договорија условите за договор, но италијанскиот клуб оттогаш тактизира и никако да потпише.

Како што пренесува „Мундо Депортиво“, агентот на Каманда веќе нема да го чека Милан, па затоа го контактирал Атлетико за да ги чуе услугите кои мадриѓани ги нудат за неговиот клиент.

ПретходноОткажана пријателската меѓу Барса и Јуве, причина – стомачен вирус!
СледноПријателски: Работнички славеше во Словенија, Силекс го победи Тиквеш