Капитенот порача: Ќе се вратиме посилни

275

Синоќа стартуваше фудбалскиот шампионат на Хрватска со големото дерби Динамо – Хајдук. Секако еден од главните актери на мечот одигран на Максимир, и нашиот репрезентативен капитен Стефан Ристовски, кој заедно со своите клупски другар остана шокиран по поразот од 1:2.

И тоа со гол примен во последните секунди од мечот, откако Динамо имаше 1:0, а и пенал, кој не го искористи. Хајдук замина од Загреб со трите бода, голема победа, и веднаш почнаа шпекулациите за конечниот пат на Динамо од тронот во Хрватска и новата титула на Хајдук.

Но, Ристовско утринава преку социјалните мрежи порача дека тој и неговиот тим допрва ќе ја покажат силата, дека шампионатот само што започна и дека Динамо ќе се врати посилен од било кога.

ПретходноБрера Струмица одигра нерешено против Киргистан
СледноМарко Срдановиќ е нов играч на РК Вардар