Денеска е роденден на ФК Вардар. Нашиот најтрофеен фудбалски колектив слави 65. години постоење, откако е основан на 22. јули 1947 година.
По тој повод, денеска навивачката група Комити, која што во моментов и управува со клубот, преземајќи ги акциите од сега веќе екс сопственикот Слободан Крстевски Цобе, на Камениот мост во Скопје, симболот на нашиот главен град, поставија големо знаме честитајќи му го роденденот на својот омилен клуб.
Вардар во моментов е во незавидна ситуација, и Комитите се единствените кои што пробуваат да ја извлечат гордоста на Скопје од бездната која што му се заканува.