Кристијан Василевски останува во Бутел Скопје 

96

Бутел Скопје го комплетира ростерот со кој ќе се натпреварува во претстојната суперлигашка сезона. Еден од столбовите на одбраната, Кристијан Василевски, ја продолжи соработката со клубот.

Откако Василевски го продолжи договорот, Бутел го задржа триото пивоти од минатата сезона, бидејќи нови соработки потпишаа и Дејан Михајловиќ и Владимир Јевтиќ.

Бутел Скопје претходно го ангажираше тренерот Горан Кузманоски, а нови ракометари се бековите Лука Иваниќ и Марко Стојанов, десното крило Дамјан Георгиев и голманот Александар Стојаноски.

ПретходноМарко Срдановиќ е нов играч на РК Вардар
СледноВо одбрана на…..