Влатко Андоновски и неговите избранички, репрезентативките на САД имаа и повеќе од успешен старт на СП кое деновиве се игра во Австралија и Нов Зеланд. Американките предводени од Македонецот успеаја да триумфираат против Виетнам со 3:0. Мечот се одигра на „Еден Парк“ во Оукленд. Головите ги постигнаа Смит во 14. и 45+7.минута, и Хоран во 77.минута. Да кажеме дека САД во 43.минута преку Морган не реализираа пенал.
Инаку САД е актуелен светски првак, нашиот стратег Влатко Андоновски и неговите избранички имаат задача ја одбранат титулата освоена на минатиот Мундијал.
САД се наоѓа во Е, заедно со селекциите на Португалија, Холандија и Виетнам.