Убава вест од Шкотска. Имено денеска по цели два месеци пауза поради тешката повреда, Бојан Миовски повторно заигра за својот Абердин и тоа на пријателската средба со Престон. Нашиот напаѓач влезево игра во 66.минута и одигра солидно. Сепак неговиот тим беше поразен со 2:0.
По мечот Миовски се огласи на социјалните мрежи, посочи дека тешкиот период е зад него и дека им се заблагодарува на сите за поддршката што ја имал од сите во изминатите два месеци кои биле тешки за него.