Нашиот ривал на ЕП 2023 е прв финалист во Светската лига на нации

106

Еден од противниците на одбојкарската репрезентација на Македонија на престојното ЕП во Скопје, селекцијата на Полска, е првиот финалист на овогодинешната Лига на нации. Под водство на српската одбојкарска легенда Никола Грбиќ, репрезентацијата на Полска во четири сета во полуфиналето ја совлада Јапонија, со 3:1 (19:25, 28:26, 25:17, 25:21).

Полјаците во големото финале утре во Гдањск за противник го чекаат подобриот од вториот полуфинален дуел меѓу САД и Италија кој се игра од 20 часот.

Вилфредо Леон ја предводеше Полска со 23 поени, Лукас Качмарек додаде 19 на контото на победникот, а Александар Сливка заврши со 14.

ПретходноАндреас Трајковски освои бронза на Балканското првенство
СледноОткажана пријателската меѓу Барса и Јуве, причина – стомачен вирус!