Откажана пријателската меѓу Барса и Јуве, причина – стомачен вирус!

290

Пријателската средба што вечерва требаше да се одигра меѓу Барселона и Јувентус на стадионот Левис во Санта Клара во Калифорнија нема да се одигра. Натпреварот всушност е откажан уште пред да дојде почетокот.

Според шпанскиот печат, причината за откажувањето на тест-дуелот на европските гиганти кои се подготвуваат во САД е стомачен вирус.

Екипата на Барселона се соочува со силен црвен вирус кој го зафатил речиси половина од составот на Чави, па затоа и средбата нема да се одигра.

Потврда за откажувањето на настанот дојде од официјалната веб-страница на каталонскиот клуб.

ПретходноНашиот ривал на ЕП 2023 е прв финалист во Светската лига на нации
СледноКамада веќе нема да чека на Милан, си се договара со Атлетико (М)